Honor 7S откриен со ниска цена и супер перформанси

Објавено на 30.05.2018 во Новости



Honor 7S откриен со ниска цена и супер перформанси

Huawei го претстави новиот Honor 7S, кој располага со елегантен дизајн и одличен изглед. Од задната страна има единечна камера, 5.45-инчен дисплеј со HD+ резолуција од 1440х720 пиксели и заштита од 2.5D заоблено стакло. Смартфонот функционира со Android 8.1 Oreo оперативен систем, а под хауба има 64-битен MediaTek MT6739 процесор со 4 јадра, 2GB RAM меморија и 16GB ROM меморија. Се разбира, може да ставите и microSD мемориска картичка за поголема меморија. 

Honor 7S има 3.5мм аудио приклучок излез, кориснички интерфејс EMUI 8.1, при што задната камера има резолуција од 13MP, а предната е со 5MP. Батеријата е со капацитет од 3020mAh, ќе се продава црна, сина и златна верзија. Цената уште не е официјално потврдена, но аналитичарите сметаат дека ќе биде околу 110 евра. 7S прво се пушта во продажба во Азија, а потоа доаѓа и во Европа. 



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}