WWDC донесе освежување со најновиот софтвер iOS 12 во iPhone

Објавено на 06.06.2018 во Новости



WWDC донесе освежување со најновиот софтвер iOS 12 во iPhone

WWDC конференцијата на Apple се фокусираше на најновиот оперативен систем на компанијата - iOS 12. Најновиот оперативен систем на Apple ќе продре дури од iPhone 6 Plus, односно ќе оже да се инсталира на сите уреди што имаа досега iOS 11. iOS 12 ќе ја зголеми брзината на постарите уреди, при што апликациите ќе стартуваат за 40% побрзо, за 50% побрзо прикажување на тастатурата и 70% побрзо активирање на камерата.

iOS 12 става акцент кај AR содржината со новиот формат - USDZ. Тој овозможува одлични AR искуства со iOS и може да влегува во апликациите како Adobe и Autodesk. Новата AR апликација Measure служи за мерење 3D објекти во реалниот свет. Новитет е тоа што FaceTime апликацијата сега има поддршка за групен разговор со 32 лица.

Сега веќе може да се изразувате преку Animoji, со iOS 12 ќе може да додавате ликови како тираносаурус, дух, коала или тигар, а во меѓувреме технологијата го препознава јазикот. Новите Memoji се слични како Samsung AR Emoji, но тие се со порамномерни и реалистични движења, типични за Animoji.

Преку нив се создава индивидуален Animoji, кој ви дозволува да ја промените бојата на кожата, фризурата, има други додатоци итн.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}