Instagram воведува голема промена за видео содржините

Објавено на 13.06.2018 во Новости



Instagram воведува голема промена за видео содржините

Instagram сака да постигне договор со можни творци на содржина и издавачи за воведување на видео записи, што ќе траат и по цел час. Големата промена ќе им овозможи на корисниците да објавуваат долготрајна видео содржина.

Се уште не е сигурно дали ќе дојде до тоа, затоа што плановите секогаш може да се променат. Instagram наводно веќе имал преговори со неколку соработници, при што целта е новата опција да биде достапна само на апликацијата. Во моментот на Instagram не може да објавите видео пократко од 3 или подолго од 60 секунди. Можно е сепак да дојде до оваа промена, затоа што Facebook, кој пред шест години го купи Instagram за милијарда американски долари, се повеќе да го развива сегментот на видеата.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}