Chinon претставува 7 и 10 инчен таблет со име Swift

Објавено на 15.02.2012 во Новости



Chinon претставува 7 и 10 инчен таблет со име Swift

 

На пазарот на таблети, му се придружува компанија со име Chinon, која го нуди Swift 7 и Swift 10.

Се работи за 7 инчен таблет со резолуција од 800×600 пиксели и неговиот поголем брат од 10 инча кој нуди резолуција од 1024×768 пиксели.

Исто така, и двата таблети ќе доаѓаат со ARM Cortex-A8 Core процсор на 1.2GHz, предна камера, Wi-Fi конекција, USB 2.0 порт, додека целото шоу ќе во води Android 2.3 Gingerbread.

Дека не е сè исто кај овие два таблети, покажува и фактот дека 7 инчниот Swift ќе доаѓа со 4GB внатрешна меморија, додека поголемиот таблет ќе доаѓа со 16 гига и задна камера, со засега не позната резолуција.

Не се знае кога би требало да се појават на пазарот, но се зборува за цена од 160 долари за 7 инчниот, односно 280 долари за поголемиот Swift.





Прочитајте повеќе: