Gigabyte GSmart G1355 – два SIM-a и екран од 4,3 инча

Објавено на 16.02.2012 во Новости



Gigabyte GSmart G1355 – два SIM-a и екран од 4,3 инча

 

Gigabyte го претстави најновиот евтин, но корисен смартфон G1355 кој доаѓа со две SIM картички и 4,3 инчен дисплеј со WVGA резолуција.

И покрај големиот екран, GSmart G1355 не е некој модерен смартфон со силни перформанси и доаѓа со Android 2.3 Gingerbread на застарен MSM7227T процесор од 800 MHz, 512MB RAM меморија и Adreno 200 графичка.

Останатите перформанси вклучуваат камера од 5 МП со автофокус и блиц, microSD картичка и Wi-Fi b/g/n конекција. Телефонот има 4,3 инчен екран, но тежи 170 грама.

Сепак, неговите главни адути се екранот и можноста за работа со две SIМ картички истовремено. Засега нема информации за цената или достапноста, но се надеваме дека ќе дознаеме на престојниот саем во Барселона.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: