Nokia доби 1 милијарда долари од China Mobile

Објавено на 10.07.2018 во Новости



Nokia доби 1 милијарда долари од China Mobile

Финската компанија за телекомуникации Nokia доби една милијарда долари од кинескиот мобилен оператор China Mobile за едногодишен договор. Во овој период Nokia ќе биде задолжена да ја развие 5G мрежата за корисниците на China Mobile која ќе биде пуштена во употреба веќе од наредната година.

Nokia на располагање ќе ја стави својата технологија како и напреден менаџмент за мобилни мрежи, оптика, IT и корисничко искуство. Исто така двете страни се договориле за размена на знаења и искуства со вештачка интелигенција, бази на податоци и учење на машини.

На самиот форум на потпишување на договорот присутвуваше и германската канцеларка Ангела Меркел, како и кинескиот премиер Ли Кегианг, во знак дека земјите од ЕУ нема да ја попречуваат трговијата меѓу Европа и Кина. 



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}