Се појавија првите детали за крипто-смартфонот на HTC

Објавено на 11.07.2018 во Новости



Се појавија првите детали за крипто-смартфонот на HTC

HTC ќе биде една од првите компании која ќе лансира смартфон базиран на крипто-технологија и блокчејн. Првите детали за HTC Exodus откриваат дека овој смартфон ќе овозможи најбезбедно чување на личните податоци во блокчејн системот, како и управување со криптовалутите.

Исто така HTC Exodus ќе има специјализирани апликации изработени со блокчејн технологија кои ќе бидат побрзи, побезбедни и децентрализирани, без да зависат од сервери или клауд сервиси. 

HTC Exodus веќе е во напредна фаза на изработка и се очекува да дебитира во текот на есента оваа година, па сигурно дотогаш ќе генерира голема возбуда кај ентузијастите за блокчејн системите. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}