Sony го претстави Xperia XA2 Plus од средна класа

Објавено на 14.07.2018 во Новости



Sony го претстави Xperia XA2 Plus од средна класа

Sony ги претстави Xperia XA2 и XA2 Ultra на почетокот на годината, а оваа недела пристигна и XA2 Plus, кој доаѓа со поголем екран. Новиот модел на пазарот излегува следниот месец.

Новиот Plus смартфон располага со 6 инчен дисплеј, Gorilla Glass 5 заштита на стакло, Qualcomm Snapdragon 630 процесор и Oreo софтвер. Во понудата ќе има избор за верзија со 4GB RAM + 32GB ROM меморија и 6GB RAM и 64GB ROM меморија.

Моделот има и влез за microSD картичка, од задната страна има камера со 23MP и отвор на бленда f/2.0, со ISO 12800 за снимање на фотографии и услови со слабо осветлување, додека од предната страна камерата од 8MP овозможување снимање на селфи со ефект на заматување на позадината. 

Скенерот за отпечатоци е сместен од задната страна на куќиштето, батерија со капацитет од 3580mAh и поддршка за брзо полнење на батеријата, USB-C приклучок и 3,5-милиметарски излез за слушалки.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}