Сите бесплатни нешта што ги добиваат вработените на Facebook, Instagram, Uber и Twitter

Објавено на 05.08.2018 во Новости



Сите бесплатни нешта што ги добиваат вработените на Facebook, Instagram, Uber и Twitter

Гигантите на Силиконската долина ги подигнаа оброците на повисоко ниво. Погледнете што се на располагање имаат вработените во најголемите технолошки компании на светот.

Facebook

Неограничена и бесплатна храна: скара, хамбургери, но има и ресторани со здрава храна, сокови и овошје.

Apple

Една од ретките што не им дава бесплатна храна на вработените, но имаат на располагање кафе колку сакаат со многу ниски цени. Имаат бурито, салати, пасти и пици.

Twitter

Twitter им дава на вработените бесплатен појадок и ручек. Тука се бројните други опции со свежо овошје и соковите, а на секој спрат има и кујна со грицки.

Google

Google има ресторани што буквално може да го задоволат сечих вкус и сето тоа е бесплатно. Компанијата го става акцентот на здравата исхрана, затоа здравите сокови секогаш се од предната страна, а нездравите сокови отпозади. Баровите со грицки не се подалеку од 30 метри од било кој вработен.

Uber

Вработените во Uber добиваат бесплатни оброци, но и пиво во вечерните часови.

Pinterest

Работниците во Pinterest секој ден имаат бесплатен појадок, ручек и вечера, како и happy hour секој петок.

Airbnb

Освен бесплатните оброци, вработените во оваа компанија имаат и пиво и вино на располагање.

Instagram

Социјалната мрежа за споделување на фотографии им дава на вработените неограничени количини на сок и сладолед. Имаат барови каде може да земат пиво, вино и коктели.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}