Galaxy Note 9 е навистина последното „големо нешто“ на Samsung

Објавено на 10.08.2018 во Новости



Galaxy Note 9 е навистина последното „големо нешто“ на Samsung

Најновиот модел на Samsung - Galaxy Note 9, располага со малку поинаков дизајн, кој сега е потенок, но дефинитивно „потежок“, во смисла на перформанси, можност, софтвер, камера и иновации.

Јужнокорејската компанија навистина се потруди овој пат да го одвлече вниманието. Дефинитивно и успеа! Со дигиталниот стилус со Bluetooth, со камерата, вештачката интелигенција...

S Pen е во центарот на вниманието, за кого имате избор во повеќе интересни бои: жолта, сина, кафеава и црна, доколку сте естетичар со префинет вкус. Пенкалцето ќе ви овозможи да го користите дури половина час со само 40 секунди полнење. S Pen ќе ви биде одличен компањон покрај својата Bluetooth конекција.

Таа ви дозволува од својот удобен кревет додека лежите, да го ракувате од далечина, со тоа што ќе можете да фотографирате со помош на S Pen или да се покажете пред вашите бизнис партнери за презентација на продукти или решенија.

S Pen има вградено технологија за детектирање на 4,096 различни нивоа на притисоци, со што ќе може да креирате прецизни цртежи или пак да пишувате пораки рачно доколку сте љубител на пишувањето.

Во погледот на камерата имате моќна двојна камера со вештачка интелигенција, која ја препознава сцената. Опцијата на камерата за превртување на камерата ќе може да ја активирате со двојно тапнување кога ви е отворена апликацијата за камерата.

Новата смарт детекција на камерата на Galaxy Note 9 ќе препознава нешта со помош на вградената AI технологија. Кога ќе фотографирате, ако фотката би било потенцијално лоша, ќе имате меурчиња што ќе ви излегуваат за да ве предупредат дека сликите нема да излезат како што треба. 



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}