Најпопуларната игра конечно на Android: Со кои телефони може да ја играте Fortnite

Објавено на 10.08.2018 во Игри



Најпопуларната игра конечно на Android: Со кои телефони може да ја играте Fortnite

Милиони корисници со месеци ја очекуваат најпопуларната игра на светот на Android. Од Epic Games вчера објавија дека бета верзијата на Fortnite од оваа недела ќе биде достапна за корисниците. Како што претходно рековме, Samsung Galaxy Note 9 ексклузивно доаѓа со мала доплата во комплет со Fortnite, која веднаш после ексклузивното презентирање на новиот премиум модел на Samsung, беше објавена и играта во Android верзија.

Fortnite, нема да биде достапна на класичен начин во Google Play како останатите апликации, туку ќе може да ја преземете од интернет страницата на Epic Games. Прво треба да се регистрирате на страницата на Epic Games, а потоа ќе ви испратат покана. Приоритет имаат сите Samsung Galaxy уреди. Android Beta Fortnite на почетокот ќе ја имаат овие смартфони:

Samsung Galaxy: S7 / S7 Edge , S8 / S8+, S9 / S9+, Note 8, Note 9, Tab S3, Tab S4

Google: Pixel / Pixel XL, Pixel 2 / Pixel 2 XL

Asus: ROG Phone, Zenfone 4 Pro, 5Z, V

Essential: PH-1

Huawei: Honor 10, Honor Play, Mate 10 / Pro, Mate RS, Nova 3, P20 / Pro, V10

LG: G5, G6, G7 ThinQ, V20, V30 / V30+

Nokia: 8

OnePlus: 5 / 5T, 6

Razer: Phone

Xiaomi: Blackshark, Mi 5 / 5S / 5S Plus, 6 / 6 Plus, Mi 8 / 8 Explorer / 8SE, Mi Mix, Mi Mix 2, Mi Mix 2S, Mi Note 2

ZTE: Axon 7 / 7s, Axon M, Nubia / Z17 / Z17s, Nubia Z11

Уредите кои моментално немаат поддршка, но ќе добијат во блиска иднина:

HTC: 10, U Ultra, U11 / U11+, U12+

Lenovo: Moto Z / Z Droid, Moto Z2 Force

Sony: Xperia: XZ/ XZs, XZ1, XZ2

Ако вашиот уред не е на овие две листи, тој би можел да ја поддржува Fortnite ако ги има следните спецификации:

OS: 64bit Android, 5.0 или поновата верзија;

RAM: 3GB или повеќе меморија;

GPU: Adreno 530 или посилна верзија, Mali-G71 MP20, Mali-G72 MP12 или посилни верзии;

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}