Го отворија Samsung Galaxy Note 9, го има најдобриот систем за ладење

Објавено на 11.08.2018 во Новости



Го отворија Samsung Galaxy Note 9, го има најдобриот систем за ладење

Samsung Galaxy Note 9 веќе го демолираа, под хауба се откри дека го има најдобриот систем за ладење. Најновиот модел на Samsung шти вреди 1,000 долари, беше отворен од рускиот технолошки блогер Маил Ру, кој направил визуелна илустрација колку голем е водниот систем за ладење на Note 9. Кога овој систем се споредува со оној на претходникот Note 8, претходниот систем изгледа како пасивен. 

Samsung го нарекува "water-carbon" новиот систем на ладење, за кого тврди дека реално има вода внатре. Цевката е изработена од бакар, чија големина навистина импресионира. Исто така, може да забележите дека нема шанси да влезе течност во телефонот, со оглед на тоа што уредот е запечатен одлично, па затоа поседува IP 68 сертификат за водоотпорност. На прв поглед, изгледа како компонентите да се идентични како оние на Note 8. Овој пат S Pen е прицврстен подобро, портот за полнење на батеријата е вграден во матичната плоча, но не е дел од неа, што го прави полесен за поправка. Samsung овој пат дефинитивно го направил Note 9 повнимателно, што е одлична работа.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}