Дисплејот на Samsung Galaxy Note 9 прогласен за најдобар од DisplayMate

Објавено на 15.08.2018 во Новости



Дисплејот на Samsung Galaxy Note 9 прогласен за најдобар од DisplayMate

DisplayMate објави дека Samsung Galaxy Note 9 го има најдобриот дисплеј, што е потврдено преку лабораториски мерења. Ако го споредиме новиот дисплеј со оној на Note 8, новиот има за 27% повисока максимална осветленост, што е еднакво на 1050 нити, со ниска рефлективност од 4.4% и менување на осветлувањето наспроти аголот од 27% на 30 степени. 

Боите на дисплејот на Note 9 се многу точни, која е близу до иделната, поточно опишана од нив во оригинал како „визуелно неразлична од идеалната“. Резолуцијата од 1440x2960 пиксели е највисоката резолуција за смартфон. Зошто? Затоа што Sony има дисплеи со 4K резолуција, што е еднакво на 2160x3840 пиксели, но тие не функционираат постојано со ваков режим, туку само кога гледате 4K содржина. DisplayMate образложува дека дисплејот на Galaxy Note 9 нема видлива разлика во острината на сликата во однос на 4K дисплејот и покрај пониската резолуција.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}