Берлин со IFA 2018 ќе биде средиштето на технолошкиот свет

Објавено на 29.08.2018 во Новости



Берлин со IFA 2018 ќе биде средиштето на технолошкиот свет

Уште 2 дена останаа до отварањето на големиот технолошки саем IFA, кој ја отвори својата врата за прв пат во 1924 година, и со привремена пауза, се уште ги привлекува приврзаниците на технологијата. Таму ги нема новитетите што ги има на CES саемот и Mobile World Congress, но како и да е, ќе имаме многу изненадувања со кои убаво ќе ја привршиме оваа година.

Медиумите се надеваат дека ќе ги видиме новите Mate телефони, но можно е да го видиме само новиот Kirin 980 процесор, што ќе го има во моделот Mate 20, додека трите верзии на смартфони - Mate 20, Mate 20 Lite и Mate 20 Pro, Huawei би можел да ги остави за друга пригода. Би можело да има и нов смарт часовник од Huawei. Би можеле да очекуваме и поевтина верзија од BlackBerry, моделот Key 2, со послаб хардвер и пластично куќиште, кој ќе има за цел да ги привлече љубителите на хардверска тастатура.

LG минатата година на IFA саемот го претстави V30, така што може да не изненади со нешто ново и на овој 31 август, односно нов модел на смартчасовник.

Од Sony ја очекуваме новата генерација на Xperia XZ телефоните: XZ3 и XZ3 Compact, но тоа ќе го дознаеме утре, кога ќе се одржи конференцијата на новинарите. Можно е да го видиме новиот Nokia 9, за кого се зборува дека ќе им конкурира на најдобрите премиум смартфони на пазарот.

Се разбира, можно е да има и бројни модели на телевизори, како на пример Samsung 8K QLED TV и LG 175 инчениот MicroLED TV, како и други домашни смарт уреди. Треба да има нови модели на безжични слушалки и нови смарт звучници со интегрирани гласовни асистенти, лаптопи за гејмери од Google, Asus и Acer



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}