Прва конференција за е-трговија во Македонија во октомври

Објавено на 30.08.2018 во Новости



Прва конференција за е-трговија во Македонија во октомври

20 домашни и меѓународни експерти ќе дискутираат за е-трговија на 26 октомври, 2018 година, во Скопје. Ова е првата конференција што ќе се одржи за е-трговија во Македонија. Картите ќе бидат веднаш пуштени за купување со пониска цена за порано купување. Конференцијата е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, која е прва и единствена асоцијација која се стреми конинклузивна е-трговија.

Темата на панел дискусијата ќе биде „e-Трговија: е-Идниназа е-Македонија!”, при што настанот има за цел да ги поврзе клучните фигури во светот на е-трговијата, со цел активно да се следат последните и идните трендови на една од најекспанзивните индустрии во светски рамки. Многу важно е тоа што ќе присуствуваат врвните светски експерти од областа на е-трговијата со нивните искуства и примери. 

Конференцијата ќе се фокусира на 4 главни теми: Развој, Плаќања, Достава и Маркетинг, кои ќе бидат организирани во 10 главни предавања и 3 интерактивни панел-дискусии,во кои учество ќе земат преку 20 македонски и странски говорници со богато искуство во полетона е-трговијата. Дел од говорниците и панелистите веќе се потврдени, а меѓу нив се вбројуваат врвни експерти и клучни лица на реномирани домашни и меѓународни компании и организации како Mastercard, Македонски Телеком, оне.Вип, Grouper.mk, Seventh Dimension од Словенија, Царинска управа на РМ, IWM Network, Paket.mk, Bastet Noirитн. На конференцијата, воведно обраќање ќе имаат и г-дин Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, како и г-ѓа Анита Ангеловска-Бежоска, Гувернер на НБРМ. 

„Е-трговијата е наша пасија и ние ги разбираме нашите партнери како никој друг бидејќи ние доаѓаме од бизнис-заедницата.Се соочуваме со предизвиците со кои секојдневно се соочуваат нашите соработници и нашата мисија е да ги олесниме нашите животи, да го направиме бизнисот побрз, да го олесниме работењето и да ги отстраниме административните оптоварувања во сите полиња, за да можеме сите да растеме и напредуваме заедно. Токму оттука потекна и идејата за организирање на првата конференција за е-трговија и верувам дека со бројните предавања и панели ќе успееме да одговориме на многуте прашања поврзани со е-пазарот“, изјави организаторот на конференцијата, Нина Ангеловска, Ко-основач и главен извршен директор на Grouper.mk иПретседател на Асоцијација за е-трговија на Македонија.

Мисијата на оваа асоцијација е да креира иднина за раст и развој на е-трговијата во Македонија, со главна цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување, вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на идустријата.

Конференцијата е се однесува за претприемачи и основачи на компании, економисти, маркетери, претставници од средниот и топ менаџмент и институции од поширокиот екосистем на е-трговијата. Сите присутни ќе имаат можност да научат за постојниот и идниот развој на е-трговијата, и ќе слушнат практични совети за оптимизирање на онлајн присуството и подобрување на ефикасноста на бизнисите.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}