HMD Global ја воведува PureView марката со брендот на Nokia

Објавено на 09.09.2018 во Новости



HMD Global ја воведува PureView марката со брендот на Nokia

HMD Global неодамна го откупи брендот PureView од Microsoft, па Nokia брендот сега е повторно обединет со брендингот што се користи на камерите на смартфоните на Nokia. Името дебитираше со моделот Nokia 808 PureView, а Symbian уредот беше лансиран во јуни, 2012 година. Телефонот располагаше со 41MP сензор од задната страна и 3MP камера од предната страна. Windows Phone софтверот на Nokia Lumia 1020 беше лансиран следната година со PureView камера. Двата модела имаа Xenon блиц и Zeiss леќи.

Другите Lumia модели со PureView брендингот беа: 

Nokia Lumia 920 
Nokia Lumia 925
Nokia Lumia 928 
Nokia Lumia Icon
Nokia Lumia 830 
Nokia Lumia 930 
Nokia Lumia 1020 
Nokia Lumia 1520 
Microsoft Lumia 950
Microsoft Lumia 950 XL 
 
HMD Global моментално произведува Android телефони со лиценца од Nokia. HMD го побара PureView брендот од Microsoft на 23 август, пред една година. Инаку, Microsoft го откупи брендот на Nokia за уреди и услуги за 7 милијарди долари во 2013 година. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}