Се појави мистериозен смартфон на Huawei со кожна маска
Објавено на 16.09.2018 во Новости

Huawei наскоро ќе лансира нов смартфон со многу невобичаен дизајн кој имаше обид да се пробие на пазарот пред неколку години. На сајтот на кинеската агенција TENNA откриен е нов модел кој ќе има кожна маска, како и специфичен засек на предната страна во делот на Full Vision дисплејот.
На задната страна на новиот Huawei смартфон има простор за две главни камери со блиц, како и скенер за отпечатоци, па според оваа шема веќе има претпоставки дека се работи за мобилен уред кој ќе припаѓа на Nova серијата.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.