Facebook ќе лансира смарт звучници по скандалот со Cambridge Analytica

Објавено на 23.09.2018 во Новости



Facebook ќе лансира смарт звучници по скандалот со Cambridge Analytica

Facebook сочека да спласне тензијата по скандалот со Cambridge Analytica за да ги лансира двата планирани смарт звучници. Со оглед дека уредите работат на гласовни команди и постојано го слушаат корисникот постоеше голем страв дека проектот на Facebook ќе пропадне поради сомнежи од нарушување на приватноста.

Јавноста полека го заборава целиот скандал и ја враќа довербата која ја има кон Facebook како најголем гигант на полето на социјалните мрежи, па така сега има простор за лансирање на новите смарт звучници со кодно име Portal кои ќе имаат екрани со големина од 13 и 15 инчи, а ќе чинат 300 и 400 долари.

Со Facebook Portal корисниците ќе може да активираат гласовни команди за најразлични интернет услуги, да читаат вести, да гледаат видеа, да добиваат податоци за временска прогноза и да комуницираат.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}