Прва слика од LG V40 Q Think открива многу

Првата наводна слика од рендер дизајнот на LG V40 Q Think открива многу детали за претстојниот втор премиум модел на LG Mobile за оваа година. Сликата ја објави познатиот ликстер Еван Блас кој досега има погодено голем број на шпекулации поради неговите инсајдерски извори, па така има основа да веруваме дека ова е автентичен изглед на LG V40 Q Think .
V серијата на LG започна со идејата за двоен дополнителен екран, но сега фокусот е ставен на вештачката интелигенција и интеграцијата со смарт асистентот на Google. Токму затоа странично ќе има специјализирано копче кај LG V40 Q Think со кој ќе се активира Google Assistant, слично како кај Samsung со Bixby копчето.
LG V40 Q Think ќе има Full дисплеј без засек на врвот, како и напредна тројна главна камера на задната страна.