Samsung изненадува со глобална достапност на Galaxy F

Објавено на 13.10.2018 во Новости



Samsung изненадува со глобална достапност на Galaxy F

Samsung е во позиција да биде првиот производител во светот што ќе го презентира и лансира првиот смартфон на преклоп. Имаше многу слики од патентите за телефонот, за кого компаниите што сакаат да го лансираат ќе имаат големи технички предизвици. Huawei, Lenovo, LG, Oppo, Xiaomi, и Motorola се во оваа трка.

Постојат шпекулации дека уште на почетокот на следниот месец Samsung би можел да го претстави телефонот на преклоп, а ќе го лансира сепак во наредната 2019 година. За време на презентирањето на Galaxy A9, претседателот на Samsung Mobile, Ди Џеј Коу расчисти неколку аспекти на компанијата за флексибилниот уред, прокламирајќи дека „ќе значи многу за нашите клиенти“. Пријатната вест е дека Samsung би можел да го направи Galaxy F глобално достапен.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}