Предвреме откриени сите детали за Honor Magic 2

Објавено на 22.10.2018 во Новости



Предвреме откриени сите детали за Honor Magic 2

Од кинеска публикација предвреме добиле примерок од претстојниот Huawei Honor Magic 2 па така сега се познати речиси сите детали за овој иновативен смартфон кој ќе има механизам на лизгање од каде ќе се извлекува селфи камерата со што на предната страна нема никаков засек ниту дополнителни елементи кои би го попречиле погледот на целосниот дисплеј.

Honor Magic 2 ќе пристигне со 6,4 инчен AMOLED дисплеј со Full HD Plus резолуција, ќе работи со најмоќниот осум-јадрен Kirin 980 процесор, ќе има импресивни 8 GB RAM, 128 GB основна вградена меморија, како и 16+24 мегапикселна дуо главна камера поставена на задната страна.

Honor Magic 2 исто така нема да поседува скенер за отпечатоци на задната страна на маската, па така се очекува тој да биде вграден под самиот дисплеј. Механизмот за лизгање ќе вади 16 мегапикселна селфи камера со две TOF леќи и 3D Face Unlock сензор.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}