Се потроши целата залиха на поевтиниот iPhone XR

Објавено на 23.10.2018 во Новости



Се потроши целата залиха на поевтиниот iPhone XR

Новолансираниот iPhone XR смартфон на Apple по само четири дена од активирање на онлајн пред-нарачките целосно е потрошен, односно исцрпена е првичната залиха на примероци. 

Според прогнозите на аналитичките куќи iPhone XR иако имаше побавен старт од поскапите и помоќни модели iPhone XS и iPhone XS Max, сепак сега бележи голем интерес кај купувачите.

Досега најверојатно се нарачани околу 12 милиони примероци на iPhone XR, па ако продолжи со вакво темпо сигурно ќе биде најпродаван смартфон на Apple за оваа година. Таквиот развој на настаните ќе го мотивира Apple да нарача нова тура на производство на iPhone XR со цел да ги задоволи барањата на пазарот.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}