Oppo фатени како лажираат бенчмарк резултати за свои телефони

Објавено на 29.10.2018 во Новости



Oppo фатени како лажираат бенчмарк резултати за свои телефони

UL Benchmarks ги отстрани Oppo Find X и F7 телефоните од својата бенчмарк листа, кога беше утврдено дека двата уреда со тестирањето вештачки ги дуваат перформансите на процесорот кога ќе го откријат бенчмарк тестот по името.

Oppo призна дека неговите телефони секогаш ја забрзуваат работата кога ќе детектираат „игри или 3D бенчмарк тестови, кои бараат високи перформанси“, но од компанијата тврдат дека секоја апликација доведува до истата реакција на телефоните кога тој би детектирал дека корисникот го допира екранот во секоја секунда. Од друга страна, UL Benchmarks не го прифаќа оправдувањето, затоа што јасно е дека Oppo барал бенчмарк тестови според името, ,а не според потрошувачката на процесорот и потребата за појачување на перформансите. 

Притоа, допирањето на екранот не би било ефикасно решение доколку Oppo ги третирал сите апликации подеднакво. Во тој случај, резултатите не би биле толку постојани. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}