Повеќе информации за преклопниот Samsung Galaxy F

Дами и господа, наводно првиот смартфон на преклоп во светот ќе го види светлото на денот во нареднава недела. Би можеле да добиеме само презентација за дизајнот на хардверот и корисничкиот интерфејс на Galaxy F за време на Samsung Developer Conference во Сан Франциско на 7 ноември. Од овој „експериментален продукт“ се очекува да се продадат 1 милион примероци во првата година на пазарот, со тоа што првите иницијални уреди ќе бидат произведени количински - 100,000 парчиња.
Ова е дефинитивно висок ризик, но мора да се ризикува. Телефонот на преклоп звучи многу кул, но се уште не би можеле да знаеме однапред како корисниците ќе реагираат на ваков скап премиум смартфон. „2-во-1“ уредот на Samsung ќе биде со смартфонска и таблетска функционалност, додека батериската енергетска ефикасност е се уште под знак прашалник. Се уште не е официјално потврдено името на Samsung Galaxy F, но сигурни сме дека наскоро ќе откриеме.