Nokia 9 наскоро доаѓа со дури 5 задни камери!

Објавено на 07.11.2018 во Новости



Nokia 9 наскоро доаѓа со дури 5 задни камери!

За Nokia 9 читаме веќе со месеци, иако од HMD Global се уште нема официјални податоци за него. Оваа недела на мрежата се објавени фотографии и видео, на кое е откриено речиси се за претстојната Nokia, која, ако се вистинити гласините, ќе биде најмоќен уред на компанијата.

Она по што се истакнува, односно разликува од конкуренцијата се камерите. Nokia 9 ќе има дури пет камери од задната страна: класична камера, широко-аголна, телефото камера, и веројатно една камера што ќе се користи за снимање на фотографии со замаглена позадина. Не е познато каква ќе биде улогата на петтата камера, можеме да претпоставиме дека тоа ќе биде уште една зум камера. Под хауба може да очекуваме Snapdragon 845 процесор, 8GB RAM и 128GB ROM, батерија со 4150mAh и USB-C приклучок и QHD+ дисплеј од 5,9 инчи.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}