Samsung, Huawei, Xiaomi, LG и Lenovo, пионери за телефони на превиткување

Објавено на 22.11.2018 во Новости



Samsung, Huawei, Xiaomi, LG и Lenovo, пионери за телефони на превиткување

Samsung неодамна го скрши мразот и прикажа концепт на уред со екран на виткање, додека претставувањето на официјалниот модел се очекува во почетокот на следната година. Јужнокорејската компанија не е единствена што работи на уреди со оваа технологија, која во текот на 2019 година, неколку кинески компании би требало да ги претстават телефоните и таблетите со екрани на виткање.

Според информациите за медиумите од Јужна Кореја, LG Display исто така развива екрани на виткање и моментално соработува со неколку кинески брендови кои во своите производи ќе користат такви екрани, а тие се Lenovo, Huawei и Xiaomi. Соработката со Lenovo би требало да резултира со првиот таблет со екран на превиткување и компаниите моментално развиваат екран со дијагонала од 13,3 инчи и резолуција од 2560x1600 пиксели. LG Display со Huawei развива екран на виткање од 6 инчи, кога уредот ќе се преклопи, односно свитка, екраните ќе бидат од надворешната страна, така што, кога е свиткан, неговите димензии ќе бидат слични како димензиите на телефоните со 3 инчени дисплеи, само што ќе бидат подебели. Освен со LG Display, Huawei наводно развива сличен уред и со кинескиот производител BOE.

Xiaomi работи на телефон со екран на виткање исто така, кој би можел да биде сличен со оној на Huawei и ќе биде хибрид од телефон и таблет. Веќе некое време има гласини и дека LG ќе го претстави својот нов модел на превиткување на почетокот на 2019 година на CES саемот во Лас Вегас.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}