Фатени незаконски продавачи на информации за флексибилниот дисплеј на Samsung

Објавено на 01.12.2018 во Новости



Фатени незаконски продавачи на информации за флексибилниот дисплеј на Samsung

Голема војна ќе има годинава меѓу конкурентите со смартфоните на преклоп или превиткување. Ројтерс пренесува дека обвинителите во Јужна Кореја подигнале обвинение против девет луѓе за незаконска продажба на документи, кои содржат технологија развиена од Samsung.

Осомничените се шефот на компанијата Toptec Co Ltd и осум вработени во истата фирма. Тоа е компанија што произведува опрема за дисплеи за мобилни телефони за Samsung. Наводно вработените отвориле уште една неактивна компанија и ја користеле за продажба на информации за опремата што се употребува во фабриките на Samsung, со што во оваа ситуација се подвлекуваат OLED панелите. Износот за големата незаконска зделка е 13.85 милиони долари. Се разбира, од Toptec соопштуваат дека никогаш не издале топ тајни за Samsung Display и целосно ќе соработува во судот за да се открие вистината. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}