Samsung Galaxy S10+ со уникатна дупка во дисплејот за две селфи камери

Објавено на 03.12.2018 во Новости



Samsung Galaxy S10+ со уникатна дупка во дисплејот за две селфи камери

Веќе е познато дека ќе имаме три Galaxy S10 уреди со новиот Infinity-O дисплеј на Samsung. Според типстерот Ice Universe, поголемиот Galaxy S10+ ќе треба да се исече малку поинаку и уникатно поради двете селфи камери. Ако се точни шпекулациите, Galaxy S10+ ќе дебитира следната година со две селфи камери, првата со нормален сензор, а секундарната со поддршка за фотографии со широки агли.

Ова значи дека едната камера ќе биде поголема, па дупките ќе мора да бидат соодветно на тоа. Samsung најверојатно ќе има дупка во облик на апче во дисплејот на Galaxy S10+, кој ќе инкорпорира две предни камери. Galaxy S10+ ќе има и тројна задна камера, со огромна батерија од 4,000mAh и импресивен сооднос на екранот со телото од 93.4%. Сите три Galaxy S10 смартфони ќе бидат со новиот Exynos 9820 или Snapdragon 8150 процесор, и One UI кориснички интерфејс базиран на Android 9 Pie софтверот. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}