Што ќе понуди Samsung Galaxy A8s?

Објавено на 03.12.2018 во Новости



Што ќе понуди Samsung Galaxy A8s?

Samsung Mobile планира да ја продолжи „битката“ со Huawei до крајот на годината и за кратко време да настапи со нов адут во високата класа кој ќе има иновативна селфи камера вградена во самиот Infinity дисплеј. Концептот, секако не е специфичен само за Samsung бидејќи и останатите конкуренти најавија слични смартфони до крајот на годината.

Samsung планира преку новиот Samsung Galaxy A8s да ги привлече фановите со официјална промоција закажана за 10 декември, односно една недела пред Huawei да ја претстави четвртата генерација на Nova смартфоните.

Samsung Galaxy A8s ќе пристигне со 6.3 инчен LCD дисплеј со резолуција од 2340 x 1080 пиксели со размер од 19.5:9, вградена 24 мегапикселна селфи камера, квалитетен осум-јадрен Snapdragon 710 процесор 6 GB RAM и тројна главна камера на задната страна.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}