Најбогатиот Youtube-р има само 7 години и заработува 22 милиони долари

Објавено на 04.12.2018 во Новости



Најбогатиот Youtube-р има само 7 години и заработува 22 милиони долари

7 годишното момче што им дава оценки на детските играчки заработил 22 милиони долари на YouTube во 2018 година, што е најмногу од сите YouTube-ри. Forbes објави дека малиот Рајан од каналот Ryan Toys Review го надмина Jake Paul за 500.000 долари, кој моментално скокна од шесто, на второто место. 

Видеа објавува секој ден, а оние во кои го рекламира големото сино јајце со своето лице од недела имаше над милион прегледи. На трето место е каналот The Dude Perfect со заработка од 20 милиони долари, пренесува Forbes. Приходите на Рајан двојно се зголемени во споредба со 2017 година, кој на прашањето зошто децата толку го сакаат, одговорил: „Затоа што сум забавен и смешен“. Forbes вели дека само еден од 22 милиони долари доаѓа од рекламите што се прикажуваат пред видеото, додека останатите се заработени од спонзорирани постови. 

Walmart во август почна да ја продава линијата на ексклузивни играчки и облеката „Светот на Рајан“, па тие приходи би требало идната година значително да ја зголемат заработката на момчето. Со оглед на тоа што е малолетник, 15% од неговите приходи одат на сметка на банка, со која ќе располага кога ќе стане полнолетен. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}