Snapdragon 855, прв 5G чип со алгоритми за пресметковна фотографија во Galaxy S10

Објавено на 04.12.2018 во Новости



Snapdragon 855, прв 5G чип со алгоритми за пресметковна фотографија во Galaxy S10

Snapdragon 855 располага со следните спецификации:

- 7nm TSMC процес;
- 4 x 1.8GHz + 2 x 2.4GHz јадра + 1 x 2.8GHz јадро;
- Adreno 640 графички подсистем со Snapdragon Elite Gaming оптимизации;
- AI -ко-процесор и алгоритми за пресметковна фотографија;
- 5G X50 модел и/или 4G X24 модем (даунлоад до 2Gbps);

Следниот премиум мобилен процесор на Qualcomm - Snapdragon 855, протече неколку часа пред да биде откриен и изгледа импресивно на хартија, а веруваме дека ќе биде и практично таков. Дефинитивно ќе се нарекува 855, а не како што се мислеше дека ќе биде 8150. Snapdragon 855 ќе располага со четири јадра од 1.8GHz, кои ќе бидат за секојдневните лесни задачи, додека трите јадра од 2.4 GHz ќе бидат за тешки задачи и најмоќното ќе биде со 2.8GHz. Новата и најмоќна Adreno 640 графика ќе биде оптимизирана со Snapdragon Elite Gaming, и алгоритми за пресметковна фотографија, што ќе овозможи на мобилниот уред да биде профи во фотографирање.

Спецификациите на Snapdragon 855 излегоа исто така, кој е првиот 5G чип што ќе биде вграден во Samsung Galaxy S10. Едно од најдобрите нешта е што Snapdragon 855 ќе биде опремен со два модема - X24, кој е најновиот 4G LTE стандард на Qualcomm и X50, кој оди со 5G технологијата. Повеќето предводници смартфони за следната година ќе бидат со "2Gbps" X24 модем, исто како што и 5G мрежата нема да биде веќе недостижна како што беше досега. 

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}