Google ги објави најдобрите Android апликации за 2018

Објавено на 05.12.2018 во Android



Google ги објави најдобрите Android апликации за 2018

Google го објави годишниот список со најдобри апликации и игри за Android уреди. Како најдобра за минатата година е прогласена апликацијата Drops, која на корисниците им помага да научат зборови за повеќе од 30 јазици, додека за најдобрата игра е прогласен Battle Royale.  Ние издвојуваме некои од најинтересните категории, а комплетниот список може да го погледнете овде:

Најзабавни апликации:

- Vimage - за додавање анимации на вашите слии

- No Draw - апликација за обојување

- Neverthink - апликација за гледање на интернет видеа

- Scout FM - апликација за слушање на поткаст

Скриени добри апликации:

- Slowly - апликација што ви овозможува да споделувате писма со пријателите

- Unfold - апликација што ви дозволува да создадете приказна со минималистички шаблони

- Just a Line - апликацијата што користи изменета реалност за цртање креирана од Google

- Luci - дневник за бележење соништа

Најдобар дневен асистент:

- Tasty - апликацијата што ги структуира рецептите да бидат полесни за следење во чекори во видео формат

- Otter Voice Notes - апликација што користи вештачка интелигенција за да прави транскрипти од гласовни снимки

- Canva - апликација што ви помага да дизајнирате постери, филтри и постови за социјалните мрежи

- Notion - апликација за следење на дневни обврски





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}