Рендер од футрола за Galaxy S10 Lite како урнек за дизајн

Објавено на 29.12.2018 во Новости



Рендер од футрола за Galaxy S10 Lite како урнек за дизајн

Од рендерот за евтината верзија за Samsung можеме да видиме дизајн без рамки и поддршка за безжично полнење на батеријата. Galaxy S10 Lite изгледа дека ќе биде импресивен смартфон од внатрешноста, а тоа се должи на неговиот хардвер со високи перформанси. 

Samsung Galaxy S10 Lite доаѓа со прекрасниот AMOLED дисплеј, кој ќе има кружна дупка на дисплејот во горната десна страна за камерата и сите останати сензори за близина, инт. Рамките на предниот панел ќе ги има, но ќе бидат исклучително тенки и нема да пречат. Уредот ќе има USB Type-C порт и 3.5мм џек за слушалки. И покрај неговата мала големина и ниска цена, најевтиниот модел на Samsung од предводниците за 2019 ќе има поддршка за безжично полнење. Galaxy S10 Lite се очекува официјално да биде претставен на 20 февруари, заедно со Galaxy S10 и Galaxy S10+. Очекуваме и Galaxy S10+ 5G верзија.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}