Што ќе понуди LG Q9 во средната класа?

Објавено на 06.01.2019 во Новости



Што ќе понуди LG Q9 во средната класа?

LG Mobile и годинава ќе лансира Q смартфон во средната класа кој ќе биде сличен по изглед на премиум моделот LG G8, но ќе има нешто послаби перформанси и пониска цена.

Прв доказ за постоењето на претстојниот LG Q9 пристигна преку тест на прототип на смартфон на LG Mobile кој работи со Snapdragon 821 процесор, 4 GB RAM, батерија со капацитет од 3000mAh и Quick Charge 3.0 технологија за брзо полнење, како и меморија со избор од 32 GB или 64 GB.

За LG Q9 исто така се претпоставува дека ќе има 6 инчен Full дисплеј, 16 мегапикселна главна камера и 8 мегапикселна селфи камера, додека пак промоцијата се очекува во текот на MWC 2019 саемот во Барселона.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}