Samsung Galaxy M20 доаѓа со Infinity дисплеј

Објавено на 07.01.2019 во Новости



Samsung Galaxy M20 доаѓа со Infinity дисплеј

Нови протечени слики од Samsung Galaxy M20 откриваат дека претстојниот смартфон ќе има Infinity дисплеј со засек на врвот во форма на буквата V каде ќе биде сместена селфи камерата со 8 мегапиксели.

Samsung Galaxy M20 наскоро ќе пристигне со 6,13 инчен LCD дисплеј со HD+ резолуција, ќе работи со осум-јадрен Exynos 7904 процесор, 3 GB RAM оперативна меморија, 32 и 64 GB вградена меморија, како и двојна главна камера со сензори од 13 + 5  мегапиксели.

Најголем адут на Samsung Galaxy M20 ќе биде огромната батерија со капацитет од 5000 mAh, а ќе го користи новиот оперативен систем Android 9.0 Pie.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}