И Samsung Galaxy S10 Lite ќе работи со Snapdragon 855

Објавено на 08.01.2019 во Новости



И Samsung Galaxy S10 Lite ќе работи со Snapdragon 855

Lite моделот на претстојниот Samsung Galaxy S10 се очекува да биде поевтин, но тоа не значи дека ќе биде послаб и дека ќе има ограничени перформанси. Доказ за тоа е и првиот бенчмарк тест на Samsung Galaxy S10 Lite за кој се открива дека ќе работи со супер моќниот осум-јадрен Snapdragon 855 процесор.

Според сајтот Geekbench, новиот Samsung Galaxy S10 Lite со постигна 1986 поени на тестот за работа на едно јадро и импресивни 6266 поени за комбинирана работа на сите осум јадра на процесорот.

Samsung Galaxy S10 Lite исто така ќе има 6 GB RAM, најмалку 64 GB основна вградена меморија и Android 9.0 Pie оперативен систем, а се очекува да биде промовиран со целото трио на 20 февруари.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}