Ричард Ју: Huawei во 2019 ќе ја оправда довербата на корисниците

Објавено на 08.01.2019 во Новости



Ричард Ју: Huawei во 2019 ќе ја оправда довербата на корисниците

Ричард Ју, извршниот директор на Huawei, во обраќање до корисниците за изминатата 2018, како и за плановите за оваа и наредните години, истакна дека кинеската компанија ќе ја оправда довербата на корисниците и инвеститорите.

Според Ју 2018 е една од најуспешните години за брендот Huawei во која продадоа 200 милиони смартфони со што го надминаа Apple и се искачија на второто место по продадени мобилни уреди во светот. Исто така биле продадени уште 100 милиони електронски уреди меѓу кои таблети, смарт часовници и други додатоци.

За 2019 и наредните години Ју вети дека Huawei ќе продолжи да инвестира во вештачка интелигенција и 5G мобилна конекција со што корисниците ќе добијат најнапредни услуги и поврзаност меѓу сите системи и уреди.

Huawei се соочува со зголемен политички притисок од САД и западните земји по прашања за приватноста на корисниците и прекршување на одредбите за трговија со држави кои се под санкции, но компанијата ќе најде начин како да ги надмине овие предизвици.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}