Honor претпремиерно го претстави View 20 со 48MP и 3D камера без засек

Објавено на 10.01.2019 во Новости



Honor претпремиерно го претстави View 20 со 48MP и 3D камера без засек

Иновативниот All-View екран овозможува подобро доживување, затоа што не содржи засек и покрива дури 91,8% од предната површина на телефонот. Откако ја одработи најавата во Пекинг, Honor на светскиот саем за електроника CES 2019 претпремиерно го претстави најновиот смартфон HONOR View 20.  Новиот модел располага со 48 мегапикселна AI Ultra Clarity задна камера и 3D TOF камера, All-View дисплеј и чипсет со високи перформанси. 

„Како водечки e-бренд, мисијата на Honor е да создаде интелигентен свет смислен според потребите на младите во срцето“, изјави Георге Жао, претседателот на Honor.

Задната камера има висока резолуција што ја покренува вештачка интелигенција (AI) и така овозможува неверојатни фотографии. Новиот начин на обработка на фотографии '48MP AI Ultra Clarity' спојува неколку слики од 48MP во една фотографија од 48MP, создавајќи 'Super 48MP фотографија' со брилијантна чистина. Селфи камерата е напредна со 3D технологија што може да скенира и препознава објекти во реалниот свет. Honor View 20 е првиот модел со 7nm Kirin 980 AI липсет со двојно NPU, GPU Turbo 2.0 и батерија со 4000mAh и SuperCharge брзо полнење. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}