Вашите пораки на WhatsApp стануваат (по)приватни и забавни

Објавено на 10.01.2019 во Новости



Вашите пораки на WhatsApp стануваат (по)приватни и забавни

Популарната чат апликација WhatsApp во новата година влезе со три интересни нови опции, кои допишувањето може да го направат со подобро искуство. Промените први го воочиле WhatsApp на iPhone телефоните, додека оние на Android добиле некои од опциите уште од минатиот месец.

Пред се, WhatsApp е во сопственост на Facebook, кој се посвети на поголема приватност на своите корисници. Така е воведена опцијата за „приватен одговор“, која корисниците на Android ја имаат уште од минатиот месец. Опцијата овозможува групно допишување за на одредена порака да се одговори приватно, односно само на личноста што ја испратила пораката, а не на цела група. За да вклучите „приватен одговор“, доволно е да кликнете на пораката што сакате приватно да дговорите и да одберете "Reply Privately“. Освен тоа, тука имате и 3D Touch опција, но важи само за оние со телефони со поддршка за 3D Touch (iPhone 6s iPhone 6s Plus), кои ќе може да ги видат своите контакти на WhatsApp со допир на Status.

WhatsApp сега дозволува користење и на лепенки на фотографии, видеа и GIF слики. Така корисниците ќе може веднаш да ја постават својата реакција на мултимедиумска содржина и да ја испратат на контактите. Доволно е да ја притиснете иконката за воведување на смајли и да ја одберете лепенката што сакате да ја „залепите“.



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}