Ценовно прифатлив, со солиден хардвер, Xiaomi го претстави Redmi Note 7

Објавено на 11.01.2019 во Новости



Ценовно прифатлив, со солиден хардвер, Xiaomi го претстави Redmi Note 7

Redmi отсега е посебен бренд на Xiaomi, а првиот самостоен телефон на Redmi е презентиран во Кина и ќе може да се купи за 5 дена. Redmi Note 7 чини само 150 долари на кинескиот пазар, а за европскиот се уште не ја знаеме цената.

Моделот располага со 6,3 инчен Full HD+ дисплеј, сооднос на екранот од 84% и во дизајнот има мал засек во форма на капка, во кој е сместена селфи камерата. Под хауба има Qualcomm Snapdragon 660 процесор, а на пазарот ќе биде достапен во три верзии: 3GB RAM/32GB ROM, 4/64 GB и 6/64GB, што значи дека цената ќе варива во зависност од спецификациите. 

Redmi Note 7 има и влез за microSD картичка, а капацитетот на батеријата изнесува 4000mAh, со технологија за брзо полнење. Задната камера е 48MP, а има и уште една камера од 5MP за снимање фотографии со замаглена позадина. Од предната страна имате камера од 13MP.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}