Се сомневате ли дека ве шпионираат? Не сте далеку од вистината

Објавено на 12.01.2019 во Новости



Се сомневате ли дека ве шпионираат? Не сте далеку од вистината

Вработените на Ring имале пристап кон снимките на безбедносните камери, додека дел од директорите и инженерите имале пристап кон преносот во живо со таквите камери - сето тоа без знаење на корисниците. 

Во борбата за освојување на смарт домови, Amazon минатата година за повеќе од милијарда долари ја презема компанијата Ring, која произведува безбедносни камери и паметни ѕвончиња за врата со камери. Благодарение на инсталираната камера и сензорот за движење, сопствениците на становите ќе добијат известување секогаш кога некој ќе се појави пред нивната врата, а тоа може да го видат преку мобилна апликација дури и кога не се дома.

Еден од проблемите на смарт домовите и сите смарт уреди со камери и микрофони, е што тие постојано снимаат и слушаат се што се случува во домовите и околу нив. Луѓето мора да бидат внимателни во вакви ситуации со оглед на тоа што излегоа на интернет информации кон кои имале пристап само вработените во Ring кон камерите и снимките од камерите со домашните ѕвончиња и камерите. Според тоа, во Ring имале пристап кон тие информации уште од 2016 година, при што видеата не се шифрирани и така вработените може да ги преземаат видеата од серверите и да ги објавуваат на интернет. Некои директори и инженери имале пристап кон „нефилтрирани и целодневни преноси во живо со камери од некои корисници“.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}