Verizon со ексклузивно право за 5G Galaxy S10 моделот

Објавено на 14.01.2019 во Новости



Verizon со ексклузивно право за 5G Galaxy S10 моделот

Макс Вајнбах тврди дека Galaxy S10 моделот со 5G технологија ќе биде со 1TB и 12GB RAM меморија, а ексклузивното право за првите неколку месеци за него ќе го има Verizon. Поевтините варијанти не спаѓаат во овој дил меѓу Samsung и Verizon, при што очекуваните варијанти од 8/256GB и 8/512GB ќе бидат достапни во T-Mobile, Sprint, и AT&T.

5G Galaxy S10 се очекува да дебитира со огромен заоблен 6.7-инчен AMOLED дисплеј и неверојатни четири камери од задната страна, со две селфи камери од предната страна. Под хауба моделот ќе има Snapdragon 855 процесор и 5G Snapdragon X50 модем. Се разбира, тука ќе има Android 9 Pie софтвер со One UI кориснички интерфејс и неверојатно голема батерија од 5,000mAh. 5G Galaxy S10 нема да успее да стигне на Samsung Unpacked евентот на 20 февруари, туку ќе излезе малку подоцна.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}