Huawei официјално со P Smart 2019 во Македонија
Објавено на 22.01.2019 во Новости

Huawei официјално и пред македонската јавност го претстави новиот квалитетен модел од високата средна класа P Smart 2019 кој од неодамна е глобално достапен.
Станува збор за одличен смартфон со 6,2 инчен Full дисплеј, осум јадрен Kirin 710 процесор, двојна главна камера на задната страна со 13+2 мегапиксели, 3 GB RAM меморија како и батерија со капацитет од 3400 mAh.
Главната камера има поддршка за вештачка интелигенција за поставување на различни ефекти и анимации па така ќе имате многу забава при правењето фотографии во различни сценарија.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.