Нови информации за Motorola Moto G7

Објавено на 29.01.2019 во Новости



Нови информации за Motorola Moto G7

Располагаме веќе со многу детали за Motorola Moto G7 од шпекулации, кои најверојатно ќе бидат вистина. Бразилската веб страница на Motorola објави слики и спецификации за целата 7 линија: Moto G7, G7 Play, G7 Power и G7 Plus. Информациите наскоро биле избришани, но сите медиуми ги преземале.

Целата линија ќе биде тенко дизајнирана, ќе има засек од горната страна на дисплејот, Android Pie оперативен систем. Motorola Moto G7, G7 Play, и G7 Power ќе имаат Snapdragon 632 процесор, додека G7 Plus ќе биде со Snapdragon 636.

G7 Plus ќе ја има најдобрата селфи камера со 12 мегапиксели и двојна задна камера со 16+5MP. Батеријата на G7 Power ќе е со 5000mAh. Новите телефони на Motorola официјално излегуваат на 7 февруари.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}