Apple повторно го блокира Facebook на iOS!

Објавено на 01.02.2019 во Новости



Apple повторно го блокира Facebook на iOS!

Од Apple тврдат дека Facebook го прекршил договорот и затоа му е прекинат пристап кон програмата на Apple за компаниите, со цел да се заштитат корисниците и нивните податоци. На Apple не му требаше многу време за да го блокира Facebook и сите нивни апликации поради прекршување на правилата на Apple store. 

Подетално, блокирана е можноста на Facebook за дистрибуирање на интерни iOS апликации. Apple има пракса за потпишување посебни договори со компаниите што сакаат да ги дистрибуираат своите апликации на iOS. Со издавањето на посебна дозвола за девелоперите, се овозможува инсталирање на "root" односно основните апликации за iPhone. Тие апликации би требало да ги користат вработените на компаниите како корисници за тестирање, додека работат на развојот на апликацијата. Меѓутоа, Facebook ја искористил оваа можност за да ја дистрибуира својата апликација до обичните корисници, апликацијата што следела се што работат. Блокадата на Apple е како одговор на скандалот што изби кога беше откриено дека Facebook има плаќал по 20 долари на тинејџерите за да следат се што прават. Не се прекинува само дистрибуција на апликациите на iOS системот, туку блокирана е и работата на самата апликација. Ова не е прв пат Apple да го блокира Facebook.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}