Германската тајна служба не му верува на Huawei за 5G мрежата

Објавено на 17.03.2019 во Новости



Германската тајна служба не му верува на Huawei за 5G мрежата

Германската тајна служба BND нема доверба во кинескиот производител Huawei за обезбедување на инфраструктурата со базни станици за 5G мрежно поврзување, со оглед на грешки во минатото и можноста да се врши шпионажа во корист на кинеската влада.

Според BND доколку се одбере хардверот на Huawei постои опасност од загрозување на односите со американската служба, додека пак амбасадата на САД во Берлин излезе со став дека изборот на Huawei ќе го загрози споделувањето на разузнавачки податоци меѓу двете земји.

Huawei силно ги негираше тврдењата дека работи за кинеската влада и дека ќе дозволи пробив на податоци и шпионирање на корисниците преку 5G мрежата и потоа поднесе и тужба против владата на САД за нарушување на углед и спречување на конкуренција.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}