Најиздржливиот Noa смартфон е достапен на пазарот - Noa Hummer 2019

Објавено на 16.04.2019 во Новости



Најиздржливиот Noa смартфон е достапен на пазарот - Noa Hummer 2019

Хрватската горска служба за спасување (HGSS) ќе биде првата служба што ќе го проба овој телефон, кој беше презентиран на крајот на февруари за време на MWC во Барселона. Noa Hummer 2019 е наменет за екстремни услови и авантуристички предизвици, која која отпорност од удари, притисок, вода и гребаници се главните карактеристики благодарение на стандардите IP68 и MIL-STD-810G. 

Овој смартфон овозможува снимање на фотографии на дожд и снег, а најпознатиот воен стандард MIL-STD-810G овозможува да биде апсолутно отпорен на прашина. Hummer 2019 има метална рамка со брусен алуминиум со гумени површини, кои му овозможуваат анти-лизгачка и издржлива површина на уредот, кој може да го држите дури и кога е влажна. Инаку, има 8 јадрен процесор MTK6739, 3GB работна меморија и 16GB ROM меморија и батерија со капацитет од 3.800mAh. Двојната задна камера има 13+2MP, додека предната камера има 8MP. 

Hummer 2019 има 5.5” дисплеј со HD+ резолуција од 720×1440 пиксели, екранот е заштитен со Gorilla Glass, отпорен е на гребаници и механички оштетувања. Уредот користи Android 8.1 оперативен систем и има вграден GPS и AGPS систем за навигација. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}