Хакерите се одмаздија поради укинувањето на азилот за Џулијан Асанж

Објавено на 17.04.2019 во Новости



Хакерите се одмаздија поради укинувањето на азилот за Џулијан Асанж

Еквадорското министерство за информации и комуникациска технологија соопштува дека после апсот на Џулијан Асанж, извршени се 40 милиони кибернетски напади на веб страници на институциите на земјата. Асанж долго време го тестираше трпението на еквадорската амбасада во Лондон, се додека на крајот на минатата недела не му го укина азилот, па основачот на WikiLeaks беше предаден на британската полиција.

Еквадорскиот претседател Морено, коментирајќи ја одлуката за укинувањето на азилот, рече дека Асанж ја користеше амбасадата како шпионски центар и се вплетка во работите на други држави. Џулијан Асанж за многумина вреди како симбол за отпорот кон големите држави и влади, кои го водат светот по свои правила. Неговото стартување на WikiLeaks и објавите од тајните документи, ни докажаа и покажаа што навистина се случува зад кулисите на политичкото и военото делување на велесилите. Со овој потег Еквадор го навлече гневот на голем број на хакери, кои почнаа да се одмаздуваат со напади на страници и сервиси на еквадорските институции. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}