Sony го откри Xperia Ace како нов Compact смартфон

Објавено на 17.05.2019 во Новости



Sony го откри Xperia Ace како нов Compact смартфон

Sony Mobile го откри новиот Xperia Ace смартфон кој има помал екран со дијагонала од само 5 инчи што за денешни услови се смета за мал телефон и сосема оправдано се сместува во Compact категоријата.

Sony Xperia Ace нуди Full дисплеј со импресивна FHD Plus резолуција, работи со осум-јадрен Snapdragon 660 процесор, 4 GB RAM, 64 GB основна вградена меморија, како и стерео звучници.

Исто така Sony Xperia Ace доаѓа со единечна 12 мегапикселна главна камера со квалитетна леќа, 8 мегапикселна селфи камера и батерија со капацитет од 2700 mAh. 

Смартфонот засега е достапен за јапонскиот пазар каде се продава по цена од околу 400 евра. На глобалниот пазар се очекува да пристигне наскоро.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}