Откриени сите детали за „рециклираниот“ Redmi 7A

Објавено на 19.05.2019 во Новости



Откриени сите детали за „рециклираниот“ Redmi 7A

Redmi суб-брендот на Xiaomi наскоро ќе лансира уште еден смартфон од 7 серија, но како што и асоцира неговото име со додавање на буквата а, станува збор за „рециклиран“ смартфон кој нема да понуди нешто екстремно ново или подобрено во однос на првиот модел Redmi 7.

Според податоците добиени од кинеската комуникациска агенција новиот Redmi 7a ќе донесе 5,45 инчен Full дисплеј со резолуција од 1440 x 720 пиксели, осум-јадрен процесор од 1,4 GHz, избор на меморија од 2 GB RAM со 16 GB ROM, 3 GB RAM со 32 GB ROM и 4 GB RAM со 64 GB ROM.

Redmi 7a исто така ќе има 8 мегапикселна селфи камера, 13 мегапикселна обична камера на задната страна, како и батерија со капацитет од 3900 mAh. Главен адут на Redmi 7a ќе биде најниската цена во основната класа.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}